Секторот за внатрешни работи Куманово денеска соопшти дека на 31.10.2026 год. од полициски службеници било пронајдено 15- годишното девојче, кое што на 30.10.2026 било пријавено од нејзиниот 28-годишен брат дека се оддалечило од нејзиниот дом.
Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 36-годишен жител на кумановско село затоа што физички ги нападнал неговиот татко и сестра, информираат надлежните. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
СВР Куманово соопшти дека на 01.11.2026 год. во 11:10 часот во село Долно Којнаре, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 28-годишен кумановец. Приконтрола на патниот сообраќај било запрено патничко моторно возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, при што било утврдено дека возилото го управува без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 02.11.2026 во 01:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 22-годишен кумановец затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана, соопштија од СВР Куманово. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.