„Со пресот што го одржа приватната политичка партија „За Наше Куманово“, уште еднаш го потврдија елементарното непознавање на Законот, а воедно и тенденциозното однесување кон одредени училишта и институции.
Имено, што се однесува до ОУ „11 Октомври“, таму на распишан оглас согласно Законот, училишниот одбор избира кандидат кој ги задоволува пропишаните услови и предлогот го доставува до градоначалникот согласно законските прописи.
Она што е симптоматично е што на последен ден од рокот за потпишување на одлука за именување на директор, градоначалникот испраќа известување дека е на одмор, а по неколку дена и дека не дава согласност затоа што има петиција во училиштето која е покрената од член на училишен одбор предложен од општината. Нагласуваме, избор на директор се врши согласно Закон и исклучиво од УО, а не по желба на поединци. Собирање на потписи и иницирање на петиција не смее да стане алиби за непочитување на Законот.
„За Наше Куманово“ во континуитет го демонстрира своето политичко влијание и сака да доминира без никакво познавање на Законот. Потврда за тоа се сите основни училишта во градот каде постојано поставуваат в.д. директори, не давајќи им простор на квалитетни луѓе да си ја вршат својата работа. Дека се неточни нивните наводи во пресот е фактот што од нивната советничка листа во 2021 година ги бираат „неполитичките “ кандидати за директори. Дали размислиле дека училишниот одбор на „Крсте Мисирков“ е предмет на инспекциско разгледување заради нетранспарентно работење? Зошто упорно молчат за состојбите во ОУ „Крсте Мисирков“ и не образложат што таму се прави? Зошто во ОУ „Крсте Мисирков“ 7 пати се поставува в.д.директор , 2 пати се распишува оглас, за кое нешто се трошат пари, а наставниците веќе прават шега дека не можат да дознаат кој им е директор, а додека да се информираат истиот веќе е сменет? На се доаѓа крај, па и на шерифското однесување во општината. Граѓаните веќе проценуваат колку непрофесионално се менаџира со образованието во градот“, се вели во соопштението на општинската организација на СДСМ Куманово испратено до медиумите.