Од 100 до 150 бездомни кучиња се заловуваат на годишно ниво на територијата на Куманово, информираат надлежните од ветеринарно- сточарскиот центар „Тодор Велков“. Бројката на кучињата скитници од година в година се зголемува, велат ветеринарите, а најголемиот проблем е несовесното чување на животните. Ветеринарните центри заедно со Агенцијата за храна и здруженијата за заштита на животните се залагаат за системско решавање на проблемот, преку иницирање значајни измени на Законот за заштита и благосостојба на животните.
„Бездомните кучиња кои се истретирани, со обетка на увото, социјализирани и повторно вратени на улица никогаш нема да нападнат човек, освен ако не чувствуваат опасност по својот живот“, вели Зоран Пешевски, директор на ВСЦ „Тодор Велков“.