Со повеќе активности, во објектите на градинката „Ангел Шајче“ се одбележува детската недела. Денеска во објектот „Синоличка“, децата имаа можност да продефилираат со најразлични фризури за кои беа задолжени фризерски студија од Куманово и средношколците од „Киро Бурназ“ од струката Лични услуги, повеќегодишни соработници на градинката, кога станува збор за одбележување на недела на детето.
Активностите продолжуваат и утре, информира Лила Божиновска, одговорен воспитувач во објектот „Синоличка“.