Територијалната противпожарна единица Куманово денеска го одбележува 20 Мај – Денот на пожарникарите.
Командирот на пожарната Деан Илиевски информира дека од почетокот на годинава имале 170 интервенции, а во функција е и апликацијата „Пријави пожар“, што пак значи дека граѓаните треба да го фотографираат пожарот, да остават свои податоци, кумановските пожарникари ги добиваат координатите и веднаш се упатуваат кон пожарот. Илиевски апелира до кумановци да ја инсталираат апликацијата „Пријави пожар“ за да можат екипите побрзо и посоодветно да реагираат на настаната ситуација.
Покрај интервенциите во општина Куманово, ТППЕ Куманово ги покрива и пожарите во општина Липково, која нема сопствена единица.