Се одржа меѓународната трка во планински велосипедизам

Во неделата во Куманово се одржа четвртата по ред трка во планински велоспиедизам организирана од актуелниот шампион во оваа спортска дисциплина Крос Сајклинг од Куманово на чело со претседателот Емил Цветанов.

 


Оваа година трката имаше меѓународен карактер на кој освен велосипедистите од нашата држава настапија лиценцирани велосипедите за планински велосипедизам од Црна Гора ,Србија и Бугарија.

Инзворедните услови на патеката долга 5,4 километри како и одличната поставеност и организација на трката беа еден вид генерална проба за тимот на Крос Сајклинг Куманово за организирање УЦЛ 1 трка следната година на која ќе настапат велосипедисти од цела Европа кои ќе се борат за УЦЛ бодови.

Натпреварувачите беа поделени во шест категории: У13, Кадети, Мастерс, Жени , Јуниори и Елит кои покажаа изнзворедно знаење и вештини во оваа спортска дисцплина.


Победници по категории:

У 13 1.Стефан Ангелов – Бел Камен Радовиш 2.Стефан Маџовски – Илинден Прилеп 3.Анастасија Ржова – Бел Камен Радовиш КАДЕТИ 1.Јован Вучковиќ – Плевља, Црна Гора 2.Немања Пауновски – Вело М Куманово 3.Андреј Маџовски – Бел Камен,Радовиш

ЖЕНИ 1.Анета Антовска – Оскижен,Скопје 2.Дуња Иванова – Енерџи Скопје 3.Анита Величковска Оксижен Скопје

МАСТЕРС 1.Љубиша Кондев – Енерџи Скопје 2.Дарко Блажевски – Крос Сајклинг Куманово 3.Мартин Анастасовски – Енерџи Скопје

ЈУНИОРИ: 1.Борис Стефановски – Крос Сајклинг Куманово 2.Александар Милошевски – Вело М Куманово 3.Дарко Василевски – Крос Сајклинг Куманово ЕЛИТ: 1.Горан Церовиќ – Плевља Црна Гора 2.Емил Цветанов – Крос Сајклинг Куманово 3.Марио Станимировиќ – Наисус 018 Ниш,Србија

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)