Победник на годинешната Ораторска вечер „Црвен крст – Без граници“ е Ива Додевска, волонтер во општинската организација на Црвен крст Куманово. Второто место го освои Лина Прокоповска (ООЦК Гази Баба), а третото место и припадна на Сара Петкоска (ООЦК Охрид).
Третото издание на Ораторската вечер е во организација на општинската организација на Црвен крст Куманово.
На настанот учествуваа средношколци од повеќе општини во земјава: Куманово, Струмица, Гази Баба (Скопје), Охрид, Виница, Битола, Крива Паланка и Гевгелија, кои претходно учествувале на објавениот конкурс и се избориле за финален настап.
Трите најдобри говори се избрани од страна на стручна комисија составена од пет члена: Анита Цветковска, проф. по македонски јазик и литература, Ана Манасиевска, студент на Катедрата за македонски јазик и книжевност, Елизабета Павловска, претседател на друштвото на писатели во Куманово, Ален Милковски, волонтер при Црвен крст Куманово и Ивана Гошева, волонтер при Црвен крст Виница.
Останатите осум говори беа изведени од страна на средношколците:
Лина Чашитовска – ООЦК Битола
Даниела Гашовска – ООЦК Битола
Ана Арсова – ООЦК Виница
Лина Стојмановска – ООЦК Куманово
Теодора Николовска – ООЦК Куманово
Илија Танчев – ООЦК Гевгелија
Теа Ангелова – ООЦК Струмица
Лара Стевановска – ООЦК Крива Паланка
Преку манифестацијата се промовираа хуманите принципи, солидарноста и универзалната мисија на оваа организација, која има за цел, преку активностите и поддршката на учесниците, да ја зајакне меѓуинституционалната соработка во пошироки размери.