Син физички ја нападнал својата мајка

СВР Куманово соопшти дека вчеравечер во 21.45 часот во Куманово, полициски службеници лишиле од слобода 25-годишен кумановец поради сомнение дека во Средорек, Куманово од приватен имот одзел предмети. Крадецот  бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава., информираат надлежните.

Полицијата ноќеска привела уште едно лице, 38- годишен кумановец затоа што физички ја нападнал неговата мајка.  По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти СВР Куманово.