Системот „Безбеден град“ ќе профункционира и во Куманово

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека системот „Безбеден град“ многу набрзо ќе биде ставен во функција, и тоа првично во Скопје, Тетово и Куманово.

„Над 95 проценти од луѓето, па и повеќе, сакаат да има ред и поредок. За да имаме ред и поредок, еден од условите што, според мене, треба да ги сториме во иднина е целосна имплементација на „Безбеден град“, првично во Скопје, Тетово и во Куманово. Тоа значи дека секој еден кој поминал на црвено треба да биде казнет, тоа значи дека секој еден кој што погрешно паркирал треба да биде казнет, тоа значи дека секој еден кој возел со поголема брзина од дозволената треба да биде казнет. Тоа е во интерес на сите граѓани“, рече Тошковски.

Пред да биде имплементиран, посочи министерот, потребно е да се направат одредени законски измени и да се дефинираат деталите околу тоа како ќе функционира.

Министерот смета дека по неговото ставање во функција ќе треба да има одреден период на предупредување, едукација и превенција.

Коментари

коментар(и)