Во индустриската зона Новине и Речица во Куманово во тек е изградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, изградба на дел од внатрешни сообраќајници, воспоставување на режим на сообраќај и осветлување на дел од внатрешни сообраќајници.
Како што објави Владата, станува збор за голем инфраструктурен зафат во индустриската зона во Куманово – инвестиција вредна 210.612.489 денари, финансирана од Владата преку Министерството за транспорт и врски.