(ВИДЕО) Советникот од ДУИ Фатмир Идризи поднесе оставка

Координаторот на советничката група на ДУИ во Советот, Фатмир Идризи поднесе оставка од функцијата, откако претходно е назначен за директор на хидроцентралата „Треска“.

Претседателот на Комисијата за мандат и именувања, Томица Илиќ на денешната седница појасни дека Законот  за спречување корупција и судир на интереси не дозволува истовремено вршење на функциите.

– Комисијата за мандат и менувања, предлага на советот да ја прифати оставката на Фатмир Идризи, поради неспоивост на извршување функции на советник и новото работно место според Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Доколку се прифати оваа оставка би му посакал многу успех во понатамошната кариера, благодарам на досегашната соработка и се надевам дека во иднина ќе ни се вркстат патиштата и ќе имаме можност повторно да соработуваме со нашиот колега, рече Томица Илиќ, претседател на Комисија за мандат и именувања.

Според претседателката на Советот, Атина Мургашанска нов член на Советот на Општина Куманово ќе се избере на следната седница.

– Во мое лично име, во името на сите членови и општинта, вработените, претставниците на јавните институции и установи искажувам благодарност за конструктивното учество овие три и пол години на Фатмир Идризи кој беше координатор на партијата ДУИ и му посакувам многу успех, тој е назначен за директор на хидроцентрала „Треска“, му посакуваме да биде успешен на новата позиција.  Советот на Општина Куманово сега треба да достави известување до Општинската изборна комисија која ќе го именува новиот член, односно следниот кој бил на листата на кандидати за советници на ДУИ на минатите локални избори, рече Атина Мургашанска, претседател на Советот

Оставката на Идризи беше прифатена едногласно од останатите членови на Советот.

 

Коментари

коментар(и)