Со четири комбиња се вршел меѓународен превоз без документација

Полициски службеници од граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, при контрола при влез во државата на четири комбиња за меѓународен превоз на патници, и тоа две „форд“, едно „мерцедес“ и едно „фиат“, од кои три со струмички и едно со скопски регистарски ознаки, управувани од четири лица на возраст од 25 до 50 години, сите од Струмица, било констатирано дека возилата вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Од страна на полициските службеници биле известени инспектори од Одделението за инспекциски надзор на патниот сообраќај во рамки на Државниот инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски и се преземаат мерки за комплетно расчистувањ ена случаите.

Коментари

коментар(и)