Во интервју за германскиот дневен весник Neue OZ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше запрашан за моменталната состојба со илегалната миграција.„Моменталната состојба на нашите граници не е споредлива со ситуацијата во 2015/16 година. Во тој период, повеќе од милион луѓе патуваа преку Балканската рута кон Европската унија. Во Северна Македонија, тогаш дневно регистриравме од 10.000 до 12.000 преминувања на границите. Денес, бројките се многу помали, но Северна Македонија останува важна земја на транзит кон земјите-членки на ЕУ. Годинава спречивме 10.455 обиди за илегални преминувања на границите, од кои најголем дел на јужната граница со Грција, односно годинава бележиме тренд на намалување за речиси 50% на обидите за илегални преминувања во однос на минатата година”, истакна министерот Спасовски.
Спасовски: Годинава спречивме 10.455 обиди за илегални преминувања на границите
