ООУ „Христијан Т. Карпош“ од с. Драгоманце денеска беше домаќин на спортски игри под мотото „Со спорт против насилство“, а учествуваа ООУ „Светозар Марковиќ“ од с. Старо Нагоричане и ООУ „Христијан Карпош“ од Младо Нагоричане. Дел од учениците учествуваа во спортските игри, а учениците од повисоките одделенија учествуваа на работилница насловена „Кафе“ каде што пишуваа пораки до своите врсници на тема – како да се спречи bullying меѓу децата.
Настанот е спроведен со поддршка на Општината и Советот на Општина Старо Нагоричане во соработка со Отсекот за превенција при СВР Куманово и Oпштинскиот совет за безбедност во сообраќајот.