Парламентарните избори во Србија ќе се одржат на 3-ти април. За таа цел Министерството за управа и локални самоуправи на Република Србија ги известува избирачите кои престојуваат во странство за остварување на нивното избирачко право. Известувањето може да се види следниот линк.
Се повикуваат државјаните на Србија, кои престојуваат во Република Северна Македонија да поднесат барање до Амбасадата на Република Србија во Скопје за гласање во странство. Пријавите може да се поднесат најдоцна пет дена пред денот на заклучување на единствениот избирачки список, односно до полноќ на 12-ти март.
Се напоменува и дека е потребно да се поднесе пријава, без оглед дали претходно биле пријавувани за гласање. Дали лицето е запишано во избирачкиот список може да се види на следниот линк. https://upit.birackispisak.gov.rs/
Доколку лицето го нема во единствениот избирачки список, може да поднесе барање во Амбасадата во Скопје.