Српската Заедница во Македонија, регионален одбор Куманово и годинава ќе го одбележи 6-ти април, денот на бомбардирањето на аеродромот во близина на Куманово, кога била нападната војската на Кралството Југославија од страна на Германија во 1941 година, што воедно го означува и почетокот на Втората светска војна. На споменикот на 8-те загинати авијатичари на ул.„Никола Тесла“, со почеток во 11 часот ќе бидат положени венци и свежо цвеќе, а ќе има и пригодна културно- уметничка програма. Овој значаен историски ден ќе биде одбележан во присуство на бројни делегации, невладини организации и политички партии.
Српската заедница ќе го одбележи 6-ти април
