Според последните пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), вредноста на, што е зголемување од 1.217 денари во однос на април. Најголемо зголемување има кај храната и пијалаците – речиси 1.000 денари повеќе во споредба со минатиот месец.
Ако семејството живее во изнајмен стан, минималните трошоци се уште повисоки и достигнуваат 79.283 денари.
„Евидентно е дека без мерки, цените неконтролирано се зголемуваат, а особено основните прехранбени производи прават огромен притисок врз ниските плати на работниците. Јасно е дека се потребни зголемувања на платите“, порачуваат од ССМ.