Сувенирницата во Занаетчиски дом наскоро ќе биде отворена

Во организација на Занаетчиската комора во Куманово по повод државниот празник 11 Октомври ќе биде организиран занаетчиски саем, а ќе се отвори и сувенирница во просториите на Занаетчиски дом. Подготвките се во завршна фаза, информираше денеска претседателот на Занаетчиска комора на Македонија, Агрон Фазлији.

-Се подготвува просторија во Занаетчиски дом, подготовките се при крај, ние ќе се потрудиме воедно да направиме и саем за мало стопанство односно занаетчиски саем каде што истиот ден, 11 Октомври ќе ја отвориме и сувенирницата, но истиот ден ќе ги субвенционираме и старите занаети. Тоа го постигнавме со нашата општина и дадовме пример на сите општини како треба локалната самоуправа да се грижи за старите занаети односно да придонесе за нивен развој и тоа има ефект. Сега со сувенирницата ќе го побараме истото, во цела Македонија ќе отвориме по една сувенирница, не со производи од Кина, Турција, од други, туку со наши ракотворци каде што ќе се истакнат нивните производи. Веќе се таргетирани сите ракотворци кои се дел од нашата општина и веќе подготвуваат производи со кумановски нишани, значи сувенирницата ќе го претставува Куманово низ годините, така што само кумановски производи и кумановски белези ќе има во нашата сувенирница, а тоа ќе го туркаме и во сите други градови, изјави Агрон Фазлији, претседател на Занаетчиска комора на Македонија