Тајната на успехот на кумановскиот пливач Никола Трајановски

Успехот е привилегија на упорните и истрајните. Буквално ова важи за талентираниот пливач Никола Трајановски од Куманово кој е генерација 2002 година и сега во моментот тренира и се школува во САД, поточно во сојузната држава Илиноис. Како млад пливач, своите способности и вештини ги покажа членувајќи во пливачкиот клуб “Тумба”, каде под водство на тренерот Далибор Димковски бележеше одлични резултати. По заминувањето во САД, Трајановски напорна тренира, работи и бележи инзворедни резултати со што се наметнува како сериозен кандидат за следен репрезентативец и пливач кој допрва ќе доаѓа до резултати и поставување на времиња на кои еден ден сите ќе се гордееме. Трајановски е сигурен дека ќе го собори македонскиот актуелен државен рекорд, а дотогаш останува да плива во сигурни води – во САД, каде што пливањето се смета за еден од најбезбедните спортови и за време на пандемијата, па е вклучен и во средните училишта како дисциплина. Никола се надева дека ќе биде во можност наскоро да ги одбрани боите и на својот матичен клуб „Тумба“ со кој и ги започна своите успеси.

Коментари

коментар(и)