Двајца кумановци изминатата ноќ го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка на улицата „Веселин Маслеша“ во населба Перо Чичо.
Според Секторот за внатрешни работи Куманово, на 02.07.2024 година во 00.49 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Веселин Маслеша“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.И. (49) и А.К. (31), двајцата од Куманово. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, информираат надлежните.