МВР информира дека во саботата во 21.45 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Октомвриска Револуција“, ул.„Иво Лола Рибар“ и ул.„Ѓорче Петров“ патничко моторно возило “опел астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишен кумановец удрило во две малолетни девојчиња од кумановско.
Како што појаснуваат од полицијата, во несреќата со повреди се здобиле малолетничките, констатирани во Општата болница Куманово.
Според билтенот на Центарот за управување со кризи, двете девојчиња се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени на лекување на скопските клиники.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.