Триесет и петгодишен кумановец се здобил со тешки телесни повреди откако вчера во него удрило возило управувано од 72-годишен жител на Старо Нагоричане. Во СВР Куманово вчера изутрина било пријавено дека на паркинг простор од автобуската станица на ул.„Доне Божинов“ , патничко моторно возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, удрило во пешакот од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Повредите на пешакот биле констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.