Општина Куманово ќе добие современо противпожарно возило со корпа и хидраулична скала висока 32 метри, кое значително ќе ги зголеми капацитетите на Територијална противпожарна единица.
„Во моментов тројца претставници од ТППЕ Куманово посетуваат шестдневна обука во Ватенс и Тирол (Австрија) и Вуковар (Хрватска), каде што се запознаваат со спецификациите и функционалностите на возилото. По завршување на обуката, ова модерно возило ќе биде ставено во функција и ќе биде на располагање за навремена и ефикасна интервенција во заштита на нашите сограѓани“, објави градоначалникот Максим Димитриевски.