На 12.06.2025 г. /четврток/ со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2025“. На изложбата ќе бидат претставени 39 дела во форма на слики и цртежи изработени од 17 автори. Проектот е подржан од страна на Министерство за култура и туризам на РС Македонија.
Целта и идејата на оваа изложба е претставување на кумановските неакадемски уметници пред пошироката јавност, но, воедно, и развивање на афинитети кон визуелните уметности, едукација и презентација на едно запоставено творештво коешто претставува едно локално богатство и заслужува да биде споделено со ликовната публика. Потребата за традиционално организирање на ваков вид на изложби од страна на НУ Центар за култура – Куманово беше утврдено уште на почетокот на деведесеттите од минатиот век а дојде како резултат на иницијатива на повеќе наши сограѓани – неакадемски уметници коишто имаа зад себе сериозна ликовна продукција. Искуствата низ годините покажаа дека оваа изложба освен тоа што има одреден квалитет и естетско ниво дека истата може да биде и многу масовно посетена.
Изложбата ќе биде поставена до 26.06.2025 год.
Роберт Цветковски, историчар на уметноста