Трибина на тема: „ Јас сум нарцис, а ти?“

Во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово вчеравечер се одржа трибина со наслов „Јас сум нарцис, а ти?”. Трибината ја водеше Драгица Стаменковиќ, психолог и психотерапевт, а гости на трибината беа Адриана Богдановска Тоскиќ, психијатар и психотерапевт и Драгана Гунин психолог, режисер и копирајтер.

„На трибината се зборуваше за нарцизмот, а говорничките се обидоа да одговорат на прашањата: што е нарцизам, дали се наследува или создава, како општеството го креира и одржува нарцизмот, нарцизам и филм, нарцизам и театар, митови поврзани со нарцизмот и партнерски врски со нарциси. Полната сала во Занаетчискиот дом покажа дека кумановската публика има голем интерес за теми од областа на психологијата и уметноста“, изјави Драгица Стаменковиќ, психолог и психотерапевт.