Претставата „Трнорушка“ во режија на Бојана Краљевска, продукција на Театар Куманово, ќе гостува денеска во 15 часот на сцената на Театарот во Гевгелија.
Во бајката на браќата Грим играат: Нина Максимова, Сања Русеска, Владанка Крстевски, Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ и Давид Илиќ.
Сценографијата е на Крсто Богојевски, а изработката на костимите – на Дарко Илиевски.
Гостувањето е во рамките на манифестацијата „Гевгелија – град на културата 2025“.