Тројца кумановци приведени поради дрога

Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода М.Т.(34 години) и С.Ч.(28 години ) од Куманово затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Полицијата и завчера лиши од слобода 38-годишен кумановка, С.Ј.  При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага. Судија на претходна постапка и одредил мерка притвор и таа е спроведена во Казнено-поправната установа затвор  К`шање Куманово.

Коментари

коментар(и)