Повторно се искршени садници од дрворедот, оштетени се и украдени новозасадените цвеќиња на градскиот плоштад од несовесни поединци, информираа денеска од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.
Комуналното претпријатие апелира до несовесните граѓани да престанат со ваквото однесување, а истовремено бара од надлежните институции да преземат конкретни мерки, да го зголемат надзорот и да ги пронајдат и санкционираат сторителите.
Вчера, пак, градоначалникот Максим Димитриевски инфрормираше дека на малиот плоштад „Маршал Тито“ засадени се 140 садници јасмин, во рамки на проектот „Урбано раззеленување за поздраво дишење“. Со акцијата се предвидува уредување на јавниот простор и збогатување на зелените површини, со цел создавање позелена и попријатна животна средина за граѓаните. Димитриевски упати апел до граѓаните да покажат одговорност и да се грижат за новозасаденото зеленило, нагласувајќи дека неговото зачувување е заедничка обврска.