Претставници на општината го посетија Нови Сад, по повод 1 февруари Ден на градот. „Општина Куманово продолжува да ја одржува досегашната соработка и пријателските односи со Нови Сад, кои ќе донесат нови значајни проекти за доброто на граѓаните“, велат надлежните.
Претходниот ден, по повод Денот на град Врање и 148 години од ослободувањето, делегација на Советот беше во посета на збратимената општина. „Потсетувајќи се на херојските подвизи и славното минато на град Врање, ова беше одлична можност за одржување континуитет во долгогодишното пријателство и успешната соработка, во духот на заедништвото“, соопштија надлежните.