На програмата на ТВ Плус утре со почеток во 15 часот премиерно ќе бидат прикажани спотовите за песничките од детскиот фестивал „Бисерчиња“ кој на 12 -ти месецов првпат беше одржан во Занаетчискиот дом.
Фестивалот беше во организација на Асоцијацијата за уметност и култура „Мулти Арт” и ТВ Плус, поддржан од општина Куманово.
На првиот детски фестивал во градот учествуваа 12 деца на возраст од 5 до 12 години, кои што интерпретираа сопствени песнички со видео записи.