Учениците од машинска и сообраќајна струка кои што учат во Државното средно училиште Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ„ во Куманово во придружба на своите наставници Виолета Симоновска, Стефан Бранковиќ, Фросина Стојановска, Жаклина Величковиќ, Елена Славковска и Наталија Гелевски изминатиот викенд го посетиле 56-от Меѓународен саем на автомобили и 17-ти Меѓународнен саем на мотоцикли – MOTOPASSION во Белград, Р.Србија, стои во објавата на ФБ.
На саемот учениците имале можност да ги видат:
– новите видови на мотоцикли, мопеди, скутери, резервни делови, опрема и додатоци, производи од придружната индустрија, професионални организации, здруженија, клубови, медиуми…
-претставувањето на достигнувањата на светската мото индустрија, придружната опрема неопходна за безбедно учество на мотоциклистите во сообраќајот.
-симулатор за превртување на возило за време на несреќа
-симулатор – мотор
-дури 105 автомобилски брендови и речиси 180 нови производи на автомобили,
-лесни комерцијални возила
-најскапиот увезен автомобил Maserati GT2 Stradale, BMW, Mini, Maserati, Audi , Porsche, VW, Nissan, Škoda, MG, Subaru, Seat, Cupra, Honda, Toyota, Opel, Peugeot, Suzuki, Fiat, Alfa Romeo, Jeep, Abarth, Citroen, Chery, Ford, Hyundai, Renault, Kida, Dacia, Bugatti Chiron итн.
Примерот на ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ од Куманово би можеле да го следат и останатите училишта во државата кои имаат запишано голем број на ученици во машинска и во сообраќајна струка.