Уште четворица кумановци пријавени на „Трофеј Белград“

Покрај Ненад Димковски уште четворица други натпреварувачи од Куманово ќе заминат за Белград каде денеска ќе имаат натпреварувања во рамките на Меѓунардониот кик-бокс турнир „Трофеј Белград“.

Јован Митевски, Давид Младеновски, Марко Станојковски, Лука Додиќ и Богдан Стојановски од клубот „Предатор“ ќе се натпреваруваат во дисциплината кик лајт во категоријата јуниори.

Сите се родени од 2003 до 2005 година, но веќе неколку години се занимаваат активно со кик-боксот.

Стефан Максимовски и Теодора Димковска се нивните тренери, кои се надеваат дека од Белград ќе се вратат со одлични резултати и ќе се претстават и себеси и клубот во одлично издание.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)