Уште 9.360 дози вакцини од „Фајзер“ вчера пристигнаa во земјава

Уште 9.360 дози вакцини од „Фајзер“ вчера пристигнале во земјава, информираше Министерството за здравство.

Од овие дози, 4.680 се преку директниот договор што Северна Македонија го има со компанијата, додека останатите 4.680 се преку помошта од ЕУ во рамки на програма „Тим Јуроп“ (Team Europe).

Преку оваа програма, ЕУ обезбедува 119.213 вакцини за земјава кои етапно, од 5.000 до 7.000 дози се испорачуваат секој понеделник. Вчерашната пратка е втора по ред преку оваа програма, а во текот на мај треба да пристигнат вкупно 19.890 дози од „Фајзер.

Инаку, интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 376.987 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 175.620 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 207.219 дози вакцини, а ревакцинирани се 2.276 граѓани. Со последните бројки 40% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 33% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Коментари

коментар(и)