Фајзер вакцини за деца од 12 до 16 години

Поради детектирањето на Делта сојот на корона вирусот кај пациенти во нашата држава, можно е да се воведат мерки на границите при влез во Македонија, најави министерот за здравство.

-Евентуално барање на ПЦР тестови или потврди за вакцини или доказ за прележана болест, она што е стандард и во некои од другите земји, но мора да кажам дека ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во регионот поради тоа што мерките мора да се усогласени” – изјави Филипче.

Оваа мерка би можела да важи и за македонските државјани кои ќе се враќаат од летување во странство, додолку се одлучи дека тоа би имало епидемиолошка вредност.

Филипче најави и дека од понеделник ќе се дозволи вакцинација против Ковид-19 за деца од 12 до 16 години.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)