– На 25.03.2022 во 03.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект во населбата Перо Чичо бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Д.С.(22) од село Лопате, кумановско , И.Д. (41) од село Трновац, кратовско и М.М.(30) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Изготвен бил записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.