Документарниот филм „Мојот син“ посветен на животот и делото на трагично загинатиот музичар Филип Стевановски, утревечер во 20 часот ќе биде прикажан во Занаетчискиот дом во Куманово. Текстот, сценариото, режијата и монтажата се дело на неговиот татко Маријан Стевановски, додека нарацијата е на актерот Илија Волчески.
Филмското остварување на Стевановски неодамна ја освои највисоката награда на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола, како и плакетата „Милтон Манаки“ за најдобар филм на фестивалот.