Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ вчеравечер организираше завршна манифестација во рамки на „Денови на српската култура“ во Куманово, која традиционално се одржува во чест на Денот на градот – 11 Ноември.
Публиката имаше можност да проследи богата културно-уметничка програма во траење од два часа, а во изведба на сите групи на друштвото.
Овогодишната манифестација е со хуманитарен карактер. Сите собрани средства ќе бидат донирани за лекување на Олгица Давидовска, која боледува од релапсно-прогресивна мултиплекс склероза.
Од КУД „Српски вез“ посочуваат дека преку оваа традиционална манифестација, покрај промоцијата и зачувувањето на српската култура, традиција и обичаи, сакаат да испратат и порака за хуманост, солидарност и поддршка на оние на кои помошта им е најпотребна.