Царовска: За учениците најдобра е наставата со физичко присуство

Наставата со физичко присуство е во најдобар интерес за учениците и училиштата треба последни да се затворат, смета министерката за образование Мила Царовска која како одговор на новинарско прашање дали распустот ќе биде продолжен по 20 јануари, додаде дека Министерството се координира со Комисијата за заразни болести. Според неа, првото полугодие било успешно спроведено со многу мал број на заразени ученици.

Царовска рече дека постојат три сценарија за реализација на учебната година, (физичко присуство, делумно физичко присуство и целосна онлајн настава) и дека првото сценарио, како што нагласи, настава со физичко присуство, е најпосакуваното.

„Во првото полугодие учениците успешно следеа настава со физичко присуство, немаше поголем број заразени од 0,2 проценти од 255 илјади ученици, а на дневно ниво немаше поголем процент од 0,03“, рече министерката .

Коментари

коментар(и)