„Цвет за секоја жена” на градскиот плоштад

На градскиот плоштад пред споменикот на Батко Ѓорѓија, денеска симболично беше одбележан 8-ми Март, меѓународниот ден на жената, во организација на основните училишта „Браќа Миладиновци”  и “Бајрам Шабани” од нашиот град. Учениците на припадничките од понежниот пол кои минуваа низ плоштадот им подаруваа оригами, цветови изработени од украсна хартија во заедничките работилници. Празничната активност „ Цвет за секоја жена” е дел од меѓуетничката интеграција во образованието, повеќегодишен проект во кој се опфатени двете училишта.

На осмомартовското дружење на градскиот плоштад присуствуваa градоначалникот на Општина Куманово и претседателката на Советот на Општината.

Димитриевски и Ѓорѓиевска денеска ги посетија и највозрасните дами од Домот за стари лица „Зафир Сајто“

Коментари

коментар(и)