Во тек е целосна реконструкција на подрачното училиште на ООУ ,,Браќа Миладиновци” во село Пчиња, соопштија денеска надлежните од општина Куманово.
Реконструкцијата предвидува замена на врата, прозорци, осветлување, фасада, внатрешно уредување, тоалет за ученици со попреченост.
Покрај ученици од Пчиња, настава следат и ученици од соседните села Студена бара и Вакв, вкупно шеесетина ученици.
Училишниот објект датира од 1927/8 година, а 1955/56 година назначено е за осумгодишно училиште.
Претходно заврши изградбата на мултиспортското игралиште во ова село кое беше дел од изградбата на мултифункционални игралиште во неколку рурални средини во кумановско.