Центарот за култура со простории за училиштата кои подготвуваат претстава

Националната установа Центар за култура донесе одлуката која важи за сите основни и средни училишта во Куманово, кои имаат подготвено или ќе подготват театарска претстава со ученици, ќе им ги отстапи големата сала и просториите за проби да може да ги користат бесплатно.

– Би сакале да ги поттикнеме учениците, наставниците да создаваат театарски претстави и делата кои ги обработуваат да ги преточат во театарска претстава, на учениците да им се понуди можност креативно да се изразат делото да го претстават на поинаков начин и да ја доживеат сцената. Центарот ќе понуди логистичка поддршка и се надеваме дека ќе имаме одзив кај учениците, дел од училиштата веќе се интересираат за претстави и се надевам дека ќе стане пракса и ќе се збогати културната понуда за помладите генерации во градот, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Коментари

коментар(и)