Општинската организација на Црвен крст Куманово започна со реализација на верификуваната програма за Обука за персонални асистенти на лица со попреченост. Обуката ќе ја спроведуваат четворица стручни едукатори доктор, медицинска сестра, дефектолог и социјален работник. 18 долгорочно невработени лица во период од март – мај 2023 година ќе следат обука, која има цел да ги оспособи идните асистенти да се стекнат со знаења и техники од областа на нега во домашни услови, психосоцијална поддршка како и теоретски и практични знаења за помош и нега на лица во домашни услови како и на работно место. Со реализација на оваа обука и по успешно завршување на истата, кандидатите ќе се стекнат со сертификат за персонален асистент на лица со попреченост.
Црвениот крст со обука за персонални асистенти на лица со попреченост
