ЦУК: Активен пожарот во Бељаковце, седум изгаснати вчера

Пожарникарите од ТППЕ Куманово вчера интервенирале на 15 пожари од различни размери, а според Центарот за управување со кризи утрово е активен само пожарот во селото Бељаковце, на потегот кон Довезенце. Како што информираат надлежните од ЦУК вчера за само 45 минути имало дури осум активни пожари во кумановско. Седум се ликвидирани, освен пожарот во Бељаковце каде што се интервенира Армијата и ТППЕ Куманово, а вклучени се и вработени од јавните претпријатија. Надлежните очекуваат и овој пожар да биде ставен под контрола во текот на денот.

ЦУК информираше и за вчерашната евакуација на мештани од селата Зубовце, Јачинце, Довезенце и Четирце.

Во атарот на с.Довезенце, во Зубовце и Орашац било интервенирано на опожарена сува трева и нискостеблести растенија.

Во селото Сопот е опожарена штала, а во атарот на селото Четирце од стрниште пожарот се проширил и зафатил една штала и куќа , а изгорени се и повеќе грла добиток.

Коментари

коментар(и)