Здружението на оџачарите – Куманово во соработка со Општина Куманово упати апел до граѓаните за чистење на оџаци на почетокот на грејната сезона под мотото „Чистењето на оџакот е грижа за сите“.
Целта на јавниот повик е намалување на опасноста од пожари, намалување на загадувањето на воздухот во текот на зимските месеци и подигање на свеста за почиста и поздрава животна средина кај жителите на Куманово.