Променливото време, зголемените врнежи и маглата можат да влијаат врз здравјето на граѓаните, особено кај повозрасните лица, децата и пациентите со хронични респираторни и кардиоваскуларни заболувања, предупредува д-р Дарко Каранфиловски од Ургентниот центар при Општата болница Куманово.
Лекарот препорачува вакцинација против сезонски грип, особено кај ризичните категории граѓани, како важна мерка за заштита на здравјето. Истовремено, апелира антибиотиците да не се употребуваат без претходен соодветен лекарски преглед.