По повод Светскиот ден на храната, Државното средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ свечено одбележа значаен јубилеј – 10 години традиција, знаење и вкус!, објави училиштето.
Под мотото „ИНОВИРАЈ ДЕНЕС. НАХРАНИ УТРЕ.“, учениците и наставниците од Секторот хемија и технологија реализираа едукативни и практични активности посветени на здравата и безбедна храна, креативноста и иновациите во прехранбениот сектор.
Активностите беа проследени од деветтоодделенци од ООУ „Христијан Карпош“ – Младо Нагоричане, кои преку интерактивната работилница имаа можност да се запознаат со практичната работа, да разменат знаења и искуства и да ги дегустираат производите изработени од нашите ученици.