Во организација на Атлетска федерација на Македонија викендов се одржа натпревар од Детска атлетика на градски стадион Филип II.
Од Атлетски клуб Куманово информираат дека настапиле деца на возраст од 6 до 11 год.
„За секоја генерација имаше трка (60м и 300м), со рангирање по возрасна категорија а покрај тоа се натпреваруваа и во скок во далечина, фрлање копје и штафетни трки“, велат од клубот.
Голем број од учесниците имаа солидни настапи, а за топ 3 се изборија атлетичарите: Стефан Ивановски на трка 60 метри во категорија U10 со освоено место, како и на трка од 300 метри каде освои место, а веднаш после него се пласираше клубскиот другар Дамјан Ристов.
Кај девојчињата на трката од 300 метри Лена Ивановска освои место во категорија U10.
На сите дечиња им беа доделени пофалници.
