Шестмина кандидати во потесниот избор за претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово

Шестмина кандидати за претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ од вкупно 12 пријавени на конкурсот, влегле во потесниот круг за прв човек на партијата во Куманово.

Како што дознаваме од партиски извори, шесте членови на ОК ВМРО ДПМНЕ Куманово вчеравечер биле на интервју кај претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Во потесниот круг за избор на претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово влегле Бобан Николовски, Елена Доцевска Божиновска, Соња Цветковска, Срѓан Ивановски, Сашо Стошевски и Ацо Божиновски.

Кој ќе го наследи актуелниот претседател Бране Петрушевски ќе зависи од резултатите по завршувањето на анкетите кои се уште траат помеѓу членовите на ВМРО -ДПМНЕ и граѓаните.

„Конечната одлука ќе ја донесе Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на претседателот на партијата, а се уште не се знае кога ќе биде донесена одлуката“, изјави Бране Петрушевски,  претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Коментари

коментар(и)