Четириесет и петгодишен штипјанец бил приведен под сомнение дека во седум деловни објекти извршил исто толку кражби.
Според МВР, тој се сомничи дека на 12.03.2023 влегол во седум деловни објекти, при што одзел пари и предмети.
Осомничениот бил приведен во полициска станица и во службен разговор ги признал делата.
– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, велат од полицијата.