Општина Куманово објави повик до евиденирани невработени лица за вклучување во програмата „Општинско-корисна работа“ во рамките на проектот „Инклузивна училница 3“. Лицата кои ќе бидат вклучени во програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време од 20 (дваесет) работни часа неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, рече на денешната прес-конференција раководителот на секторот за култура, спорт, социјална и детска заштита Александар Крстевски.
-Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата “Општинско-корисна работа”, проект „Инклузивна училница 3” за работно ангажирање со скратено работно време во период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово.
Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци, во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време од 20 (дваесет) работни часа неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање, ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во програмата.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во програмата „Општинско-корисна работа” се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750 денари бруто износ за времетраењето на работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување, причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во програмата „Општинско-корисна работа” треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
млади лица до 29 години
лица постари од 50 години
лица корисници на гарантирана минимална помош
жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници
самохрани родители
родители на деца со пречки во развојот
родители на 3 и повеќе деца.
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
Работно место 1: образовен асистент во средно образование со следниве работни задачи:
Секојдневна помош и поддршка на ученикот при совладување на наставната содржина во координација со класниот раководител, предметните професори, стручната служба, како и семејството на крајниот корисник;
Секојдневно мотивирање на ученикот за учење и социјализација, преку најразлични креативни методи и техники;
мотивирање на ученикот за вклучување во воннаставни активности;
мотивирање на учениците за тренирање на индивидуален или групен спорт
изготвување на месечен извештај за следење на напредокот на ученикот и негово редовно доставување до општинскиот проектен координатор.
Позиции за работно место-образовен асистент во средно образование: 14 (четиринаесет)
Од нив 11 ( единаесет) работни позиции се однесуваат на образовни аистенти во училишта, кадешто наставата се одвива на македонски наставен јазик, а 3 ( три) работни позиции се однесуваат на образовни асистенти во училишта, кадешто наставата се одвива на албански наставен јазик.
Потребни квалификации и занимања за работно место 1: емпатија, комуникативност, флексибилност, толерантност, психичка стабилност, одговорност, принципиелност, евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување-Куманово, лицето да припаѓа на една од горенаведените целни групи, стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица.
Лицето да има завршено високо образование за:
професор по одделенска настава;
професор по предметна настава;
педагог;
психолог;
дефектолог (специјален едукатор и рехабилитатор за лица со попреченост);
социјален работник (во исклучителни случаи);
социолог (во исклучителни случаи) или слично.
Работно место 2: личен асистент во средно образование, со следниве работни задачи:
индивидуална помош и поддршка при движење во просторот на училиштето;
помош и поддршка при патување до и од образовната установа;
помош при задоволување на лични потреби;
мотивирање на учениците за тренирање на индивидуален или групен спорт;
помош и поддршка при социјализација;
изготвување на месечен извештај за реализираните активности со ученикот и негово редовно доставување до општинскиот проектен координатор.
Позиции за работно место – личен асистент во средно образование: 1 (една)
Работната позиција се однесува на личен асистент во училиште, кадешто наставата се одвива на македонски наставен јазик.
Потребни квалификации и занимања за работно место 2: Емпатија, комуникативност, флексибилност, толерантност, психичка стабилност, одговорност, принципиелност, евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување-Куманово, лицето да припаѓа на една од горенаведените целни групи, стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица.
Лицето да има средно образование /високо образование ( на македонски јазик).
Заинтересираните невработени лица пријави за учество во програмата „Општинско-корисна работа”, проект „ Инклузивна училница 3“ , можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово во периодот од 12.08.2024 година до 20.08.2024 година, од 08:00 до 14:00 часот ( седум работни дена).
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општина Куманово и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Куманово кај лицето Тања Стефановска- општински координатор за програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово кај Егзона Шабани и ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа Куманово кај Мирослава Илиевска.